Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Документи
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Документи
 Документи
 
Документи
Проекти
Урбанистички планови
 
Животна средина и просторно планирање



Во склоп на секторот урбанизам е одделот за животна средина чија дејност е заштита на животната средина и природа како и заштита на вода,воздух и почва од загадување , заштита од бучава и нејонизирачко зрачење,уредување на градежно земјиште и врши други работи врз основа на Законот за градење,Законот за урбанистичко планирање,Законот за градежно земјиште,Закон за животна стедина исто така ја координира својата работа со другите сектори во рамки на општинската администрација и врши и други работи што ќе му бидат доверени.

Општина Тетово се обврзува не само на имплементација туку и на примена на ИСО-9001 за да и во иднина го унапредува и зголемува околинскиот учинок.

Нашите главни цели и заложби се:

  • Интегрирана политика за околината во рамките на буџетот на Општината и законските прописи
  • Насочување кон намалување на опасните и токсични хемикалии 
  • Смалување, реупотреба и рециклирање на отпадот
  • Поттикнување и подобрување на рационална употреба на природните ресурси со кои располага општина Тетово
  • Подигање на свеста за околината кај жителите кои живеат во Општината
  • Учество на јавноста и пристап до информации во креирањето на политиката за унапредување на животната средина применувајки ги законските нормативи.

Во склоп на надлежностите на одделот за животна средина е издавање на решенија
за одобрени елаботати за животна средина како и интегрирани еколошки дозволи.


ИНТЕГРИРАНИ ЕКОЛОШКИ ДОЗВОЛИ

Согласно Законот за животна средина, ( Сл. весник на РМ бр. 53/2005 и Сл. весник на РМ бр.24/2007 година ) започнува имплементацијата на новите законски обврски.Целта која треба да се постигне со воведувањето на овој тип дозволи е спречување,а доколку тоа не е можно барем намалување на загадувањето на најмала можна мерка, со што стандардите на квалитетот на животната средина во Република Македонија ќе се подигнат на оние во Европската Унија и ќе се обезбеди остварување економски развој без деградација на животната средина.

Сето тоа ќе придонесе интегрирано спречување и контрола на загадувањето, односно издавање дозволи на индустриските капацитети за емисиите коишто ги испуштаат во животната средина.

Законот воведува два вида дозволи:

А интегрирани еколошки дозволи и
Б интегрирани еколошки дозволи.

Во зависност од областа на индустријата и капацитетот на инсталацијата се
издаваат следните дозволи:

• А интегрираните дозволи - се во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање, односно органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина .Овие инсталации ќе треба да ги исполнат барањата за најдобри достапни техники (НДТ) или ВАТ (Best Available Techniques)

• За Б интегрираните дозволи - надлежноста е поделена помеѓу единиците на локалната самоуправа и Министерството, односно надлежен орган за издавање Б интегрираните еколошки дозволи се единиците на локална самоуправа, со исклучок на оние инсталации кои се наоѓаат во заштитено подрачје за кои дозволата ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, односно органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.

Инсталациите кои ќе подлежат на овие дозволи, нивните оператори должни се да поднесат барање за усогласување со оперативниот план, додека за новите инсталации се поднесува барање за добивање интегрирана еколошка дозвола.

Инсталациите подлежни на Б дозволите не се должни да ги исполнуваат барањата за најдобри достапни техники (НДТ ), туку само да бидат во согласност со стандардите за гранични емисиони вредности.

Имплементација на процесот на добивање на интегрирана еколошка дозвола (ИЕД),односно дозвола за усогласување со оперативен план (ДУОП), или (Integrated Pollution Prevention and Control) е обврска на операторите на производните капацитети. 

Како услов за продолжување на работата на постоечките инсталации (производни капацитети ) операторите на тие инсталации треба да обезбедат ДУОП, и се должни барањето да го достават до надлежниот орган во согласност со временскиот распоред за поднесување барање определен со ,,Уредба за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред заподнесување барање за дозвола за усогласување со оперативен план, започнувајќи од 01.01.2006 до 31.12.2009 г. ( Сл.весник на РМ бр. 89/2005).Секој
индустриски сектор има посебен временски интервал за поднесување барање до
надлежниот орган.

За таа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање има изготвено:

  • Правилник за постапката за издавање дозвола за усогласување со оперативен
    план (Сл. Весник 4/2006г.)
  • Правилник за постапка за добивање А – интегрирана еколошка дозвола ( Сл.
    Весник 4/ 2006г.)
  • Правилник за постапка за добивање Б – интегрирана еколошка дозвола ( Сл.
    Весник 4/2006г.)

Во овие правилници се пропишани формата,содржината и начинот на доставување на барањето за усогласување со оперативниот план, како и документацијата која се приложува кон барањето.


Процедура за аплицирање

  • Доставување барање со предлог-оперативен план до градоначалникот на
    Општина Тетово.
  • Содржината и формата на барањето се дадени во Правилникот за постапка за
    издавање дозвола за усогласување со оперативниот план ( Сл.весник на Р.М. бр.
    4/2006г. )
  • Барањето со предлогот на оперативниот план се објавуваат најмалку во еден
    дневен весник достапен на целата територија на РМ, во рок од 7 дена од денот на
    приемот на барањето.
  • Засегнатата јавност, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето,
    има право да достави мислења и коментари до градоначалникот на Општина Тетово
  • Општината е должна да организира јавна расправа во рок не подолг од 25 дена од денот на објавувањето на барањето.
  • Надлежниот орган односно Општината, исто така е должна да организира јавна расправа кога до него е доставено барање за одржување јавна расправа во рок од 20  дена од денот на објавувањето на барањето:
  • Од страна на најмалку едно здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина регистрирано на подрачјето на општината каде што се наоѓа инсталацијата
  • Од страна на повеќе од 10% од граѓаните кои доставиле мислење и коментари.
  • Преговори за содржината на оперативниот план и роковите за реализација помеѓу операторот и градоначалникот на општината можат да траат најмногу до една година.
  • Решение за дозвола за усогласување со оперативниот план
  • Градоначалникот на Општината го објавува издавањето на дозволата најмалку во еден дневен весник достапен на целата територија на РМ , во рок од 10дена од денот на издавање на дозволата за усогласување со оперативниорт план .

 




       
 
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово, Македонија
Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014