Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 За граѓанинот
 Даноци
 
Е-Услуги
Даноци
Формулари
Учество во одлучување
 
Даноци



Локални даноци одредени со Закон се:

 

1. ДАНОК НА ИМОТ

Предмет на данок на имот според законските одредби е недвижeн имот во сопственост и користење, освен имотот ослободен од наплата на данок според законот.

Даночни обврзници се:
Физички и правни лица, сопственици на недвижeн имот, физички и правни лица корисници на недвижен имот, во случај кога сопственикот е непознат или за кого општинската администрација нема пристап, физичко и правно лице, доколку имотот е во сопственост на повеќе лица, секој од нив е обврзан со пропорционален данок на делот на имотот, физички и правни лица корисници на недвижен имот во сопственост на државата или општината.
Основа на данокот на имот е пазар на вредност на недвижниот имот, кого го одредува комисијата формирана од страна на советот на соодветна општина (лице проценувач). Пазарната вредност се одредува врз основа на Методологијата за одредување на пазарна вредност на недвижниот имот („Службен гласник бр.50/2005). Контрола и ревизија на пазарната вредност врши Министерството за финасии. Даночна норма на имот во општина Тетово:
Данок на имот (вселени):0,05%
Данок на имот ( невселени):0,10%

За повеќе информации може да се контактира општинската администрација, канцеларија бр.44, тел. 044 /356- 622, Арта Мемети, Жане Мингоска.

 

2. ДАНОК НА ПОДАРОК И НАСЛЕДСТВО
Предмет на данок: данок на наследство и подарок се пресметува и наплатува за недвижен имот, пари, парични барања, хартија од вредност и друг недвижен имот, доколку паричната вредност на наследство или подарок е повисока од просечната годишна плата во Македонија за претходна година.

Даночен обврзник на данок за наследство и подарок е:
Физичко и правно лице, резидент во Р.Македонија, кој наследува имот или прима подарок во земјата или надвор од неа.

Даночни обврзници се и надворешни физички односно правни лица –нерезидентни, за имотот што го наследуваат  или подарокот што го примаат на територијата на Р.Македонија.
Основа на данок за наследство и подароци претставува пазарна вредност на наследениот имот, односно имотот примен како подарок, намален  за долгови ( обврски) и трошоци што го оптеретуваат имотот кој е предмет на оданочување.
Норма за данок на наследство и подарок во општина Тетово
Норма за данок на наследство и подарок за обврзници од втор ред наследство е 2%. Наследници од втор наследен ред се сметат родителите, сестри и браќа оставители на наследство. Норма за данок на наследство и подарок за обврзници од трет наследени ред изнесува 4%. Наследници од трет наследен ред се сметат дедовци или внуци  кога оставителот на наследство не оставил по него ниту деца ниту родители. Наследниците односно приматели на подарок од трет наследнички ред во однос со оставителот на наследството односно со оставителот на подарокот, не подлегнуваат на данок. Наследници од прв наследен ред се сметат децата и брачниот партнер на оставителот на наследството.
Ослободени од данок се и наследници од втор наследнички ред односно приматели на подарок –станбен објект доколку живееле со оставителот или подарувачот во едно семејство најмалку една година пред смртта на оставителот, односно во моментот на приемот на подарокот, под услов примателот на наследство или подарок и потесните членови на семејството да не поседуваат друг станбен објект.
 За повеќе информации може да се контактира општинската администрација канцеларија бр.43, тел. 044 /356 -612, Бетим Хасани, Мајлинда Рамадани, Фатиме Хусеини.

 

3.ДАНОК ЗА НЕДВИЖЕН ПРОМЕТ

Предмет на оданочување претставува недвижниот промет, односно пренесување со или без надоместок на сопственичко право како и други начини на добивка од недвижности со или без надоместок помеѓу физички и правни лица.
Даночни обврзници на данокот на промет на недвижности се :
Физичко и правно лице, продавач на недвижноста.
Даночни обврзници за данок на промет на недвижност може да биде и купувач на недвижноста доколку во купопродажната спогодба на недвижноста, со клаузула, е истакнато дека даночниот обврзник да биде купувач на недвижноста.
При размена на недвижностите, даночен обврзник е учесникот во размената кој дава за размена недвижност со поголема вредност.

Доколку правото на имот за недвижност се пренесува врз основа на спогодба за доживотна грижа, обврзник на данок на промет е примателот на недвижноста, односно наследници на сопственикот на недвижноста.При продажба на недвижноста во стечајна или ликвидна постапка, како и при реализација на спогодбата за хипотека, обврзникот на даночниот промет може да биде и купувачот на недвижноста.
Основа за данок за промет на недвижноста претставува пазарна врдност на недвижноста како и пазарното право во моментот на создавањето на даночната обврска.
Норма за данок на промет на недвижноста и права во општина Тетово е пропорционална и тоа 3%.
За повеќе информации може да се контактира општинската администрација канцеларија бр.43, тел. 044/ 356- 612, Бетим Хасани, Мајлинда Рамадани, Фатиме Хусеини.

 

4. ДАНОЦИ И ДРУГИ ЛОКАЛНИ ТАКСИ ОДРЕДЕНИ СО ЗАКОН

Комунални такси се приходи од локалната единица што врз основа на општинските законски одредби се наплатуват за користење на одредени права, предмети и услуги од јавен интерес со локално значење, како од физички, правни лица така и од граѓани кој вршат дејност.
Комунална такса се наплатува за:

1.Секоја фирма, односно именување на деловен објект и тоа:
а) Деловни простории од физички лица кои вршат дејност-2000 денари.
б)  деловните простории на физички лица кои вршат дејност, додека данокот го наплатуват на паушален начин- 600 денари.
в) деловните простории на Трговските друштва и други правни лица од обласат на производството, освен продавници, киоски, деловни единици и слично-6000 денари.

Деловни простории на  јавни претпријатија и други правни лица од комунална дејност - 3000 денари
Деловни простории на Трговските друштва и други правни лица, како и центри за собирање кои дејствуват привремено -3500 денари.

2. Користење на површини како: за кампови, за поставување на чадори  и за друга привремена употреба -дневна тарифа изнесува 30 денари за квадратен метар.

3. Користење на простор пред деловна просторија за вршење на дејноста.

Времетраење на користење на јавна површина за поставување на урбана опрема Зони Зони
I II III
Дневна    Месечна   Дневна    Месечна   Дневна    Месечна 
Годишно  (1 година 7 den/m2 210 den/m2 6 den/m2 180 den/m2 5 den/m2 150 den/m2
Сезонски  (3-6 месеци) 7 den/m2 210 den/m2 6 den/m2 180 den/m2 5 den/m2 150 den/m2
Краткорочно  (до 30 дена) 10 den/m2 300 den/m2 8 den/m2 240 den/m2 6 den/m2 180 den/m2
Дневно  (до 24 часа) Од 10 до  20 den/m² користена површина/паушал 2000 денари
Од  20 до 50 ден/м² користена површина/паушал 3500 денари
Од  50 до  100 ден/м² користена површина/паушал 
6000 денари


4. Поставување на реклами, известија и соопштенија на јавни места
а. До седум дена – 700 денари
б. До 30 дена – 1300 денари
в. До една година – 1600 денари
5. Користење на музика во јавни локали –угостителски објекти ( кафулиња, ресторани-6000 денари годишно)
6. Поставување на витрини за изложување на стока надвор од деловни објекти
- за физички лица кои вршат дејност  – 1000 денари
- за правни лица од областа на производство, промет и услуги– 2500 денари
7. Користење на плоштади и други градски површини како и други населени места за изложување на предмети (роба, артикли или .....), организирање изложби и други забавни претстави за вршење на дејноста -7 денари по квадратен метар дневно
8. Користење на површина за паркирање на патнички автомобили, товарни средства, автобуси и приколки на јавни паркиралишта-комунална такса изнесува 12 % од цената за наплатена услуга за користење на просторот за паркирање.
9. Користење на патишта со моторни возила, транспортни возила, автобуси, посебни возила и мопеди:
- За возила до  1000 куб – 70
- За возила од  1000 до 1300 куб – 100
- За возила од  1300 до 1500 куб – 130
- За возила од  1500 до 1800 куб – 400
- За возила над  1800 куб – 600
- За товарни средства , за товарен тон – 130
- За автобуси и други средства кои служат за превоз на патници – 600
- За специјални моторни возила – 70
- За сите видови на велосипеди со мотор - 70
10. Користење и одржување на јавно осветлување-се наплатува комунална такса во висина од против вредноста од 15 kw на час со цена за јавно осветлување за секој струјомер за мерење на електрична енергија.
За повеќе информаци,може да се контактира општинската админисрација, канцеларија бр.47 и 48 Тел. 044 /356-623, Семира Хоџа, Роберт Стојменов




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014