Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Посети го Тетово
 Природа
 
Природа
Одмаралишта
Историски објекти
Музеи
Места од интерес
 
Шар Планина



Географска положба

Шарскиот масив се протега на 1600 км2, помеѓу Косово во северна долина(43% од нејзината површна) и Македонија на југ (57%).Географски е поделена од Полошката котлина на север, од Призренско Поле на југ и од река Радика на северозапад.  Голем број на потоци го пресечуваат овој масив од кои три најглавни се река Пена, Лесоцка и Маздрача.Тие се припојуваат кон големата река Вардар која протекува низ државата за да се излее во Егејско море  во близина на Солун, Грција.

Два големи града се протегаат во подножјето на овој масив:Тетово на македонска страна и Призрен на косовска страна. Овој масив е еден од повисоките на Балканот со 15 врвови со над 2500 м.Највисоката точка е Титов Врв со 2747м и се протега на 80 км должина и со широчина која се движи од 10-30 км.За Тетово кое се наоѓа само на 450м височина, релјефот на шарските планини е особено истакнат и ги има сите добри особини  на средните Алпски планини.

 

Клима, испреплетување на средоземна и континентална 

Регионот е подложен на двојно влијание и тоа:Средоземна клима на север и континентална на југ.Температурите може да достигнат и до 40 степени во текот на летото, а истите паѓаат и до -30 степени на повисоките планински предели.Врнежите се пообемни во текот на зимата отколку во останатите  годишни времиња, со обилни и продолжени снежни врнежи, а тоа е голема среќа за љубителите на скијањето во скијачкиот центар Попова Шапка.

Од декември до февруари густите магли се присутни во долната котлина, додека горните делови од масивот речиси се постојано без магла.Шумите главно се состојат од борови и буки како и други видови на дрвја кои го покриваат поширокиот дел од масивот помеѓу 600 и 1600м.Над оваа граница  дрвјата се поретки и им го отстапуваат местото на ливадите. Поволниот период за одгледување на билки не надминува три месеци, додека флората потсетува на онаа од алпите. Широки ридови и високи карпи го карактризираат ова подрачје.Постојат голем број на езера и тоа 39 од кои 25 се постојани.Најпознати се : Езеро без дно, Црно езеро, Бело езеро и Боговинско езеро кои се опишани во списанијата на водичите.

 

Богат растителен и животински свет

Флората е богата со приближно 2000 видови од кои 150 се постојани, а фауната е претставена со голем број на цицачи, птици, влекачи, водоземци и голем број на инсекти кои сеуште не се идентификувани.

Повеќето од заштитените видови ретки во останатите европски масиви сеуште живеат во шарските планини. Најсимболични се кафеавата мечка, рис и волк.

 

Земјоделството, сточарството и туризмот се шарскиот потенцијал

Земјоделството е претставува развиена гранка, а се производува квалитетен зеленчук. Големините на планините дава можност за развој на земјоделството, која гранка претставува традиција од поодамнешни времиња. Производството на разни видови на сирење, собирање боровинки, рачното косење како и сточарството претставуваат дел од традицијата на селаните.

Туризмот е доста развиена гранка. Освен него во однос на експлоатација на скијачкиот центар попова Шапка, туристичкиот потенцијал на планината сеуште не е доволно познат.Територијата не е класифицирана како заштитена зона што доаѓа во судир со косовската страна.Подигнување на свеста за заштита на Еко системот во ова подрачје претставува спор процес, но проектот за национален парк дава надеж.

 

Традиционална шарска куќа

Традиционално населено место, најраспространето во шарскиот масив е големата куќа на две нивоа. Влезните зидови се од камен и испреплетени во секој метар со дрвена арматура која силно ги обезбедува темелите од било каква непогода.Ова ниво служи за чување на сено и добиток.Спратот се состои од сушени цигли поврзани со аргила, зацврстени со издвоени даски во видни квадрати кои ја прицврстуваат градбата.На дрвениот балкон наречен чардак се доаѓа преку надворешни скалила.Тој  е заштитен од кровот каде во текот на летните месеци се сушат пиперки, кромид, лук и други земјоделски производи.Исто така тоа претставува место каде селаните споделуваат мислења за секојдневието.Кровот се состои од слама и рамни камења поставени професионално, иако денес тие се веќе заменети со ќерамиди.

Според местата, куќата е заштитена од надворешни погледи преку зид кој од другата страна  е опкружен со градини.Горниот спрат служи за пскладирање на храна за добитокот, а долниот за  одгледување на добиток.

 

Овчарот и кучето се шарскиот амблем

Во текот на летото , голем број овци пасат на север до шарските масиви каде  што има поголем број на пасишта. Некогаш ова беше главен извор во регионот што се докажува со рециталите на очевидците или импозантните остатоци во село Галичник кои датираат од 19 век ( јужно од Кораб).

Денес, иако е намален бројот на добитокот сепак во тие краишта пасе доста добиток, голем број на овчари градат бачила за обавување на нивната дејност.Стадато е заштитено од страна на шарското куче.Ова големо куче, амблем на масивот  е познато под ова има од 1957 год.




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014